Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги прекине федералните фондови за пожарите кои беснеат во Калифорнија. Речиси 100.000 хектари се уништени во пожарите изминатите недели и илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Трамп го обвини гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, кој е демократ, дека направил ужасна работа со менаџирањето на шумите. Неколку од пожарите оваа година избувнаа во нешумски области.
„Секоја година кога ќе избие пожар во Калифорнија се случува истата работа и тој доаѓа во Федералната Влада и бара пари за помош. Нема повеќе. Направете го вашето дело Гувернере“ напиша Трамп на Твитер.
Њусом, кој беше високи критикуван од Трамп за неговата политика за животната средина возврати на повикот на америкаскиот претседател.
„Не верувате во климатските промени. Изземени сте од овој разговор“.
Зголемените температури како резултат на глобалното затоплување предизвикуваат огромни пожари во Калифорнија, според неодамнешната студија објавена во Зборникот на Националната академија на науките. Посувите и потопли услови доведуваат до исушување на вегетацијата и запалување.
Претседателот Трамп слична закана за намалување на федералната помош упати и во 2018 година, кога во најсмртоносниот пожар во историјата на Калифорнија загинаа 86 лица.