Пилотот на Алпин, Фернандо Алонсо изјави дека тимот Ферари му оставил добар впечаток на првите претсезонски тестови. Според Алонсо, токму Ферари го има најбрзиот болид.
На тестовите, Ферари помина најголемо растојание меѓу тимовите – Карлос Саинц и Шарл Леклер поминаа вкупно 439 кругови за три дена.
– Се чини дека Ферари го има најбрзиот болид во моментов. За Карлос Саинц и за Шпанија воопшто, ова е одлична вест. Иако Мерцедесот, очигледно, е исто така многу брз, изјави Алонсо.
Новата сезона во Формула 1 започнува на 20 март со трката за Големата награда на Бахреин.