Отворено бесплатно училиште за деца за музика „Гитари, дирки и свирки“

На 1 номеври официјално е отворено првото бесплатно училиште за деца со помалку можности, за музика, уметности и вештини „Гитари, дирки и свирки“.

„Во ова училиште децата кои се регистрирани во нашето здружение, а ги имаме 1.200 од целата земја и се која било од категориите ‘,социјален ризик’, ќе можат да се пријават за часови по гитара, клавир, ликовни уметности, запознавање со останатите уметности, како фотографија, филм, театар, а желбата ни е наскоро да оформиме и наше хорче. Сите деца кои ќе изразат желба за други инстументи, ќе бидат пратени да ги изучуваат бесплатно, во други приватни училишта, со кои имаме соработка, како ‘Ентерпрајс’ и ‘Мјузик хаус’“, информираат од здружението „Проект среќа“.

Приоритет во групите имаат децата кои се наоѓаат во најтешка форма на социјен ризик и се од семејства со најмали примања. Просториите се наоѓаат во Центар, позади Универзална сала, каде се одржуваат и часовите по драма на Детско драмско студио „Неверленд“, кое функционира на истиот принцип како и „Гитари, дирки и свирки“, односно е бесплатно за сите деца од тие категории и во него членуваат 30-на деца.

На самото отворање со мала драмска точка, дел од децата од „Проект среќа“, членови на драмското студио, им се заблагодарија на свој начин на донаторите и сите кои помагаат за нивната среќа. Овој проект е финансиран од Европска Унија и кофинансиран од балканскиот Фонд за демократија.

Треба да знаете
Последни објави