Личниот фризер на еден од најдбрите фудбалери на денешницата Португалецот Кристијано Роналдо бил избоден до смрт во хотелска соба во Цирих. Човекот задолжен за хигиената во хотелот го пронашол телото на Рикардо Маркес Фереира во петокот. Локалната полиција во Швајцарија уапси 39-годишен маж за кого се смета дека е извршител на убиството.
Рикардо Маркес Фереира беше фризер и шминкер на Роналдо. Тој потекнуваше од португалскиот остров Мадеира од каде е и Роналдо. Неколку гости на хотелот се жалеле на бучавата од собата на Рикардо неколку часа пред откривањето на телото. Засега не е познат мотивот за убиството.