Вардар против Војводина ќе ги корегира воочените слабости во играта

Македонскиот, регионалниот и европски машки ракометен првак скопски Вардар за два дена ќе одигра два натпреаври. По синоќешниот победнички настап во ЛШ против белорускиот Мешков Брест (36:31) пред своите гледачи, вечерва (20.15 ч.) има регионална обврска во СЕХА лига против  Војводина од Нови Сад.

Македонскиот првак Вардар предсебе има за цел да стигне до втора победа за два дена на домашен терен. Едуард Кокшаров, тренерот на „црвено-црните“, на вечерашниот натпревар планира да ги корегира воочените слабости во играта кај своите избраници кои претходно доживеаа два убедливи порази во ЛШ од Кил и Веспрем.

-Војводина е една од најдобрите екипи во Србија. Тоа го имаме во предвид. Но, сепак сакаме на овој натпревар да пробаме некои работи што очигледно не ги правиме како што треба за да ги подобриме. Тоа не значи дека ќе се опуштиме. Влегуваме со цел да победиме и да освоиме важни бода, вели Кокшаров.

Вардар во групата А од СЕХА лигата е второплсаиран со 12 бода по пет одиграни средби, на кои има скор од четири победи и еден пораз. Првопласиран е Мотор Запорожје со 15 бода, но има и натпревар повеќе. Војводина во пресрет на вечерашното гостување е на 4. позиција со три победи и два порази по пет одиграни средби.

Треба да знаете
Последни објави