Сериски убиец во Индија : Жена со цијанид отрула шетмина роднини во изминативе 14 години

Шест смртни случаи биле пријавени во едно семејство во село во јужниот дел на Индија во изминативе 14 години. Полицијата неодамна соопшти дека го пронашла нивниот убиец. Станува збор за жена серијски убиец, којашто со цијанид убила шестмина роднини.

Џоли Јозеф, 47-годишна мајка на два сина е уапсена  во октомври за убиство на нејзиниот прв сопруг и петмина други родини во периодот меѓу 2002 и 2016 година. Полицијата соопшти дека таа ги признала убиствата.

Таа се појави во суд , каде и е одреден притвор. Нејзиниот адвокат вели дека се подготвува да понуди кауција.

Шокираните соседи ја опишуваат како „побожна“, а нејзината снаа вели дека Јозеф е „паметна и весела жена“. Но, во медиумите во Индија таа стана позната како „убиец со цијанид“, бидејќи за да ги усмрти своите жртви го користела овој отров којшто делува многу брзо и силно.  Двајца мажи обвинети дека ја снабдувале со цијанид исто така се во притвор.

Треба да знаете
Последни објави