Одложена седницата за оценка на обвиненијата против организаторите за 27 април

Основниот кривичен суд во Скопје денеска ја одложи седницата за оценка на обвинителниот акт за организаторите на настаните од 27 април. Одложувањето е на барање на одбраната која побарала увид во доказите. Од судот информираат дека одбраната побарала увид во доказниот материјал бидејќи до сега ОЈО за гонење на организиран криминал не дозволил увид во доказите.
-Советот за оценка на обвинителн акт кој постапува по актот во јавноста поврзан со „Организација на настаните од 27 април 2017 год.” по барање на одбраната, денеска ја одложи закажаната седница и на одбраната и дозволи увид во комплетниот доказен материја. Имено одбраната истакна дека обвинителството во досегашниот тек на постапката не им дозволил увид во сите списи од предметот па со цел заштита на правата на странките, судот во согласност со одбраната на 11 ноември дозволи во текот на целиот ден да вршат увид во списите, информираат од судот.

Од таму додаваат дека со оглед дека ниту обвинителот ниту одбраната не можат порано да присуствуваат на термини кои им беа понудени од советот, седницата за оценка на обвинителниот акт е закажана за 6 декември, 2019 година.

 

Треба да знаете
Последни објави