Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром се засили на бековската позиција со Американецот Ерон Харис (26), кој изминатата сезона ја одигра во екипата на Тамперен Пиринто од Финска.
Харис важи за кошаркар поентер, кој универзитетската кариера ја минал настапувајќи за тимовите на два престижни универзитети, Вест Вирџинија и пред сѐ Мичиган стејт.
Во МЗТ Скопје Аеродром листата со засилувања не е затворена. Шампионот поскаува да се засили и на центарската позиција, откако Нуни Омотј мораше да замине во САД поради семејни проблеми.