Причини зошто апликацијата HalkEco е сојузник во мисијата за здрав начин на живот

Неодамна ХалкБанк ја лансираа својата еко апликација наречена HalkEco со чиешто користење се прават конкретни чекори за намалување на емисијата на штетните гасови во воздухот. Загадувањето на воздухот, посебно во зима добива драматични размери што претставува најголем проблем за граѓаните, а апликацијата којашто секој може да ја користи, во дадените услови е најверниот сојузник за здравиот начин на живот. Преку нејзиното користење граѓаните може да бидат физички активни, еко свесни одговорни и притоа да добиваат награди.

Како работи апликацијата?!

Поттикнува – главната одлика и целта на оваа апликација е намалување на емисијата на штетни гасови и засадување што повеќе дрвја. Граѓаните се поттикнуваат моторните возила да ги заменат со велосипеди или тротинети, пешачење или трчање и на тој начин да придонесат за помала емисија на штетни гасови. Во нивно име, ХалкБанк на секои реализирани 80 километри, како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, ќе засадува по едно дрво. За само 20 дена откако апликација е активна ХалкБанк има обврска да засади 584 дрвја, од кои што 152 се веќе засадени.

Апликацијата уште и ќе ги мотивира граѓаните на поголема физичка активност. Така што, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет во земјата, ќе добиваат HalkCoins. За освоените HalkCoins, банката на корисниците на апликација ќе им доделува вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци според вредноста на собраните поени односно HalkCoins. Едни од најатрактивните, се финансиските поволности како намалени каматни стапки и надомест за обработка на кредити, бонус поени на кредитни картички, зголемени каматни стапки за депозити, гратис осигурителни полиси, или велосипеди и електрични тротинети.

Ова е главната мотивациска карактеристика на апликација преку која банката ќе ги мотивира граѓаните да пешачат или возат велосипед наместо да користат возило или јавен транспорт.

Прегледност – во самата апликација е видливо корисникот колку километри физичка активност реализирал односно колку придонел за заштита на животната средина т.е. намалување на емисијата на штетни гасови. За остварената физичка активност се покажува за колку килограми е намалена емисијата на јаглен диоксид и колку дрвја банката ќе засади.

Во апликација се содржани повеќе елементи чија заедничка цел е намалување на емисијата на штетните гасови и засадување што повеќе дрвја. HalkEco е апликација што овозможува формирање здрави навики и охрабрува физичка активност, еко свесност и влијае врз заедницата за поголемо и помасовно учество. На тој начин придонесува за зачувување на животната средина.

Треба да знаете
Последни објави