Фудбалерите на ПСЖ со 3:1 го совладаа Сент Етјен во рамки на 26 коло од Лига 1, а Лионел Меси потсети на старите времиња кога доминираше на фудбалските терени ширум Европа. Аргентинецот имаше две асистенции со кои му помогна на својот тим да направи целосен пресврт и за прикажаната игра доби овации од навивачите на „Паркот на принцевите“.
Сент Етјен го отвори резултатот во 16 минута преку Буанга, а „светците“ израмнија во финишот од првиот дел. Лео Меси одлично го пронајде Килијан Мбапе кој ја избегна офсајд-замката и успеа да погоди за 1:1.
ПСЖ на стартот од второто полувреме доаѓа до водство, а во главните улоги повторно беа Меси и Мбапе. Меси повторно му асистираше на Мбапе на кого не му беше проблем да погоди за 2:1. Конечниот резултат го постави Данило Переира во 53 минута.
Со триумфот, ПСЖ се зацврсти на првото место на табелата со 62 бода, дури 6 повеќе од Ница и само чудо може да ги спречи „светците“ да не ја освојат титулата.