Рускиот тенисер, Андре Рубљов уште еднаш покажа дека е висинтски мајстор на турнирите од Серијата 500. Рубљов го освои турнирот во Дубаи. Во финалето го победи Јиржи Весели со 6/3, 6/4 за 81 минута.
Рубљов, лесно го освои првиот сет. Направи брејк во четвртиот гем. До крајот лесно го чуваше својот сервис, не му дозволи на Весели ниту една брејк топка. Во вториот сет, повторно рускиот играч направи брејк на старот, Весели возврати во шестиот гем, но веќе во седмиот Рубљов уште еднаш му го одзеде сервисот на својот противник.
Во Доха, Рубљов дојде до 10.титула во кариерата.
Весели одигра брилијантен турнир во Доха. Тргна од квалификациите, а на патот до финалето ги победи Чилиќ, Баутиста Агут, Ѓоковиќ и Шаповалов.