Американската тенисерка Серена Вилијамс, која има 38 години и еден месец е помлада од Роџер Федерер, вели дека ќе игра активно, сè додека во машка конкуренција се натпреварува и Швајцарецот.
Вилијамс која е 23-кратна победничка на гренд-слем турнири, смета дека се смениле работите од пред 10 или 20 години, па сега и 40-годишни спортисти играат без проблем, нешто што речиси не било можно во минатото.
„Додека игра Федерер, ќе играм и јас. Гледаме дека има 40-годишни спортисти, нешто што не се гледаше пред една или две декади. Јас сум од онаа нова генерација која има среќа да користи модерна технологија и спортска опрема. Знаеме како да се грижиме за телото. Се чувствуваме помлади отколку што сме” – вели Вилијамс.