Манчестер јунајтед одигра само 0-0 на Олд Трафорд против Ватфорд, Кристијан Ериксен за првпат настапи на официјален меч по срцевиот удар кој го имаше за време на Европското првенство.
Манчестер јунајтед влезе како сериозен фаворит против Ватфорд, но загуби два драгоцени бода во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Јунајтед имаше повеќе од играта, создаде неколку шанси за погодок но не успеа да реализира ниту една.
Брентфорд загуби со 2-0 од Њукасл на свој терен, а Кристијан Ериксен ги одигра првите минути на официјален меч по срцевиот удар на Европското првенство.
Брентфорд остана со играч помалку уште од 11. минута кога Дасилва заработи црвен картон.
Џоелинтон и Вилок дадоа голови во првото полувреме и донесоа победа од 2-0 за Њукасл.
Ериксен во игра влезе во 52. минута од натпреварот.
Кристал Палас и Барнли одираа нерешено 1-1.