Тотенхем поднесе жалба за исклучувањето на Сон

Англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем поднесе жалба за исклучувањето на напаѓачот Сон Хунг Мин на натпреварот од 11.  првенствено коло против Евертон (1:1), пренесува „Гардијан”.

Во 79-та минута од средбата, Сон стартуваше врз играчот од средниот ред на Евертон, Андре Гомеш, кој налета на друг фудбалер на Тотенхем и при тоа доби фрактура на стапалото. Првично, судијата Мартин Аткинсон извади жолт картон од џебот, но сериозноста на повредата и ВАР го натераа да се премисли и да му додели црвен картон на Кореецот.

Доколку Англиската фудбалска асоцијација не ја прифати жалбата и го регистрира црвениот картон, тоа автоматски ќе значи дисквалификација на Сон за натпреварите во Премиерлигата против Шефилд Јунајтед, Вест Хем и Бурнемут. 

Треба да знаете
Последни објави