Полјаците одбиваат да играат фудбал против Русија

Цезари Кулеша, претседателот на Полската фудбалска федерација, објави дека репрезентацијата нема да игра бараж за Светското првенство против Русија, откако Русите извршија агресија против Украина.

Во рамките на дополнителните квалификации за СП 2022 година, Полјаците требаше да гостуваат во Москва на 24 март.

„Доста зборови, време е за акција. Поради ескалацијата на насилството на Русија врз Украина, репрезентацијата на Полска нема да игра против Русија. Тоа е единствената правилна одлука“, изјави Кулеша.

Полјаците ќе го претстават својот став пред ФИФА заедно со Шведска и Чешка, кои исто така треба да играат доквалификации во Русија, и ќе ја чекаат одлуката на светската фудбалска организација.

Треба да знаете
Последни објави