Во пукање кое уринава се случило во населба во Сараево, една жена загина, додека друга е ранета и е во болница.
Според порталот „Кликс“, заталкан куршум погодил вработена во Јавното комунално претпријатие „Парк“, која во тој момент го започнувала работниот ден во расадник веднаш покрај патот. Полицијата трага по убиецот чиј идентитет сè уште не е познат.
Пукањето се случило околу 7 часот, кога убиецот ја убил едната жена пукајќи ѝ во грб додека бегала, при што заскитаниот куршум ја погодил несраќната работничка. Во тој момент имало и други работници на истото место.
„Голема катастрофа е избегната со оглед на тоа дека во тој момент околу 15 лица почнуваа со работа на истото место“, изјавила портпаролката на КЈКП „Парк“, Алдијана Кљајиќ-Хамза за „Кликс.ба“.