(Видео) Протести во Барселона поради кралската посета, сепаратистите запалиле фотографија на кралот Филип

Неколку илјади граѓани на Барселона тропале со кујнски садови и извикувале „Каталонија нема крал“ на протестот што се одржа вчера во знак на протест по повод посетата на шпанското кралско семејство на главниот град на Каталонија.

Кралот Филип, неговата сопруга Летиција и двете ќерки присуствуваа на церемонијата на доделување награди на младата принцеза Џирона, а местото на одржување на свеченоста било обезбедено од силни полициски кордони, кои ги блокирале околните улици, пренесува „Ројтерс“.

Тоа беше прва посета на кралското семејство на Каталонија, автономна провинција во североисточна Шпанија, по пресудите што пред три недели им беа изречени на каталонските власти поради организирање на забранет референдум за независност во 2017 година.

„Во Каталонија не смее да има место за насилство, нетолеранција или непочитување на правата и слободите на другите“, рече кралот во конгресниот центар, каде што неговите зборови биле придружени со аплауз и извици „Да живее кралот“.

Некои учесници на протестот палеле фотографии од кралот и носеле знамиња на Каталонија додека поединци се обидувале да се пробијат до полицискиот кордон.

Треба да знаете
Последни објави