Актуелниот италијански шампион Интер веќе четири меча не знае за победа во Серија А, а во тој период има дури два порази и две ремија. Потврда дека нешто не е во ред во редовите на „нераѕурите“ стигна и во денешниот дуел против Џенова (0-0).
Интер доминираше на теренот и создаваше многу шанси, меѓутоа Џенова успешно се одбрани од налетите на гостите и не им дозволи да освојат три бода и да го искористат киксот на Милан.
„Нераѕурите“ по денешното реми имаат 55 бода, односно два помалку од градскиот ривал, но исто така имаат одиграно и еден меч помалку.