Двајца опасни затвореници, обвинети за убиство, избегале од затворот во Калифорнија така што се провлекле низ дупката во плафонот на бањата потесна од 60 сантиметри, а потоа се провлекле преку ѕидот пред да најдат отвор за бегство, соопштија денеска затворските власти.
Разбојниците направиле дупка долга 20 и широка 56 сантиметри и потоа избегале низ ѕидовите на затворот, јави АП синоќа.
„Ги сметаме за многу опасни. Ве молиме јавете се во полиција ако ги видите или знаете каде се тие – надлежните апелираат до граѓаните.
Досега не е утврдено колку долго ја копале дупката и дали некој им помогнал.