Компанијата „Ербас хеликоптери“ развива нов систем кој ќе им овозможи на хеликоптерите од типот „Х-145М“ да биде опкружен со чад и така да стане невидлив за противниците. Новиот систем би се користел при истовар на војници, изјави програмскиот менаџер на компанијата, Марк Хенинг.
Говорејќи на отворањето на прес-конференцијата „Ербас одбрана и простор“ во Минхен, Хенинг рече дека системот, прв од ваков вид за хеликоптери, веќе покажал позитивни резултати за време на првите тестови, пренесуваат британски медиуми .
„Развиваме систем за брзо криење во текот на летот со цел да го направиме Х-145М невидлив за време на најопасната фаза од мисијата – кога тој лебди на височина од дваесет метри за истовар на војници. Ние ова го применивме на возила, но никогаш не и на хеликоптери“, објасни Хенинг.
Според него, на хеликоптерот се инсталираат уреди за испуштање на чад, а потоа истиот се шири околу леталото.