Професор во средно училиште во Калифорнија за Ноќта на вештерките го обоил лицето во црна боја, како маж со црна боја на кожата, по што бил испратен на административен отпуст, се наведува во соопштението на училишниот округ Милпитас Унифајд Скул Дистрикт, пренесе Си-ен-ен.
Sooooooooo… one of our WHITE teachers at mhs yesterday decided to paint his face so look like common the rapper yesterday. pic.twitter.com/1WudSddCLZ
— karrington (@karrington_kk) November 1, 2019
На видеосниката, која се појави на социјалните мрежи, се гледа професорот со обоено лице во црна боја, како во училиштето се обидува да го имитира познатиот рапер Комон.
„Можностите се неограничени, можностите бесмислени, што ќе направите? Милиони луѓе немаат за храна, а што ќе направиме ние? Со Ал, мајкрософт-технологијата, иднината е на вас. Вие го можете тоа. Со Ал, иднината е неверојатна“, вели професорот на видеото.
Директорот на средното училиште соопштил дека неименуваниот професор е суспендиран и дека е под интерна истрага поради чин на „омаловажување“.