Хрватските медиуми објавија снимки од камерите во златарница во Сплит која била ограбена деновиве, а на видеото може да се забележи дека грабежот траел две минути.
Снимката ги покажува разбојниците, кои го спакувале накитот во торби.Сопственикот на познатата златарница изјавил дека вредноста на украдениот накит е околу 130.000 евра.
Тој нагласил дека крадците најверојатно го виделе кодот за безбедносната врата кога ја затворал, па откако ја отвориле го искршиле стаклениот излог со токмак по што слободно влегле и го извадиле златото од витрините, а ја зеле и касата.
Ovo je snimka pljačke zlatarnice u Splitu jutros u 03:13 sati! Trebalo im je manje od 2 minute za milijunsku pljačku! Detalji u #DnevnikNoveTV u 19:15. @DNEVNIKhr pic.twitter.com/UhQicwB8UV
— Mario Jurič (@JuricNovaTV) November 4, 2019