Аерофлот е партнер на Манчестер јунајтед за спонзорски договор вреден 40-на милиони евра и тоа од 2013 година, а во 2017 година соработката беше продолжена и трае до април годинава, но „црвените ѓаволи“ поради украинската криза сега немаат намера да продолжат да соработуваат.
Според „Мирор“, Јунајтед повеќе нема да патува со Аерофлот, иако сѐ уште има важечки договор и дека наскоро ќе го заменат авиопревозникот со „Катар Ервејз“.