Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија. Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ќе биде пречека со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.Претседателот Стево Пендаровски ќе има средба и со претседателот на Долниот Дом на италијанскиот Оарламент, Роберто Фико, како и заедничка средба со сенаторот Еторе Личери, претседател на Комитетот за европски прашања, сенаторот Лучијано Д’Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија и членови на Комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, европски прашања и на групата за соработка со Република Северна Македонија. Во рамки на официјалната посета на Република Италија, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Факултетот за политички науки, социологија и комуникации на Универзитетот Сапиенца во Рим.