Фудбалерите на Партизан на убедлив начин, со две победи над Спарта Прага обезбедија пласман во осминафиналето во Лигата на конференции. „Црно-белите“ на првиот натпревар славеа со 1:0, а вечерва во Белград победија со 2:1 и вкупен резултат 3:1 одат во следната рунда.
Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме кога Рикардо Гомеш ги постигна двата гола, во 7. и во 24. минута. Рикардо во второто полувреме, на 20-тина минути до крајот, беше исклучен бидејќи судијата процени дека фудбалерот на Партизан симулираше за да изнуди пенал. Предноста од играч повеќе, Спарта ја искористи само за да го ублажи поразот преку Хложек.
Лестер и Марсеј и во вторите натпревари ја оправдаа фаворитската улога и остварија убедливи победи. Лестер со 1:3 славеше на гостувањето кај Рандерс, додека Марсеј победи со 0:3 против Карабах.
Резултати:
Бодо Глимт – Селтик 2:0 3:1 прв нат.
Макаби Тел Авив – ПСВ 1:1 0:1
Партизан – Спарта Прага 2:1 1:0
Карабах – Марсеј 0:3 1:3
Рандерс – Лестер 1:3 1:4