Навивач на Динамо почина за време на мечот со Севилја

Трагедија се случи вечерва во Загреб, откако навивач на загрепски Динамо, чиј идентитет не е откриен, починал на трибините на „Максимир“ за време на мечот на „модрите“ со Севилја, кој загрепчани го добија со 1-0, но недоволно за да поминат во осминафинале поради поразот од андалузискиот гигант со 1-3 во првиот меч пред една недела.

Навивачот кој седел на јужната трибина на најголемиот хрватски стадион, кога доживеал срцев удар, по што итно реагирала брзата помош, но на навивачот му немало спас и тој го загубил животот.

По мечот, тренерот на Динамо, Жељко Копиќ изрази сочувство до семејството на навивачот.

„Најискрено сочувство до семејството на починатиот навивач“, рече Копиќ.

Треба да знаете
Последни објави