Како социјалдемократи ние се грижиме за сите граѓани, нашата политика е парите да ги враќаме кај граѓаните и тоа го правиме по неколку основи, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на граѓанската трибина „На прав пат” во Македонски Брод.
Минималната плата ја зголемуваме на 14.500 денари, а пред само две и пол години таа беше 9.000 денари. Тоа ќе повелече раст на сите плати во сите сектори, а како поддршка државата ќе ги субвенционира придонесите од социјалното осигурување за оние кои ќе ја зголемат платата до 6.000 денари, рече Манчевски истакнувајќи дека до крајот на 2020 година просечната плата треба да изнесува 30.000 денари.
Невработенста се намали на 17,5 %, отворени се над 50.000 нови работни места огромен дел од нив во приватниот сектор, а во земјата влегоа странски инвестиции од над 600 милиони а сето тоа се должи и на евроатлантската интеграција на државата, посочи Манчевски.