Грнчаров го засили стручниот штаб на Вардар

Поранешниот капитен на најтрофејниот македонски клуб Вардар од златната ера кога црвено-црните играа и групна фаза во Лига Европа, Бобан Грнчаров се врати во матичниот клуб и го засилува стручниот штаб кој го предводи како прв тренер Никола Глигоров.

Грнчаров, кој е дете на Вардар и има над 100 настапи за Вардар, како и три шампионски титули во периодот од 2015 до 2017 година, се враќа кај црвено-црните како надополнување на клупата на најтрофејниот клуб во овој период за враќање на македонската гордост прво во прволигашката конкуренција, а потоа и кон старата слава.

Вардар денеска го промовира Грнчаров како нов член на црвено-црниот стручен штаб.

Треба да знаете
Последни објави