Бизнисменот Дејвид Хендерсон беше прогласен за виновен од страна на кралскиот суд во Кардиф за смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала во авионска несреќа.
Хендерсон го организираше трагичен лет и беше прогласен за виновен за „непочитување на безбедносните протоколи“, поради што животот го загубија споменатиот фудбалер и пилот Дејвид Иботсон. Несреќата се случи на 21. јануари 2019 година, телото на Аргентинецот беше пронајдено само еден месец по несреќата, додека пак телото на пилотот, се уште не е пронајдено.
Минатата недела патологот кој работеше на обдукција на телото на Сала изјави дека починал поради повреди на главата и градниот кош, а сега пристигнаа нови информации.
Од двата примероци на крв, земени од телото на Сала, е откриено дека тој пред да почине бил отруен со јаглерод моноксид. Обдукцијата покажала и дека Сала не бил свесен пред да урне авионот во морето, но повредите на главата и градниот кош биле фатални. Труењето со јаглерод моноксид најверојатно е предизвикано од дефект на издувниот систем во авионот.