Лавров: САД се обидуваат да го поделат православниот свет

Активностите на САД насочени кон создавање услови за дебата за признавање на т.н. Украинскa православнa црквa и поддршката за таа „расколничка организација“ се доказ дека Вашингтон се обидува да предизвика поделеност во православниот свет, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

По разговорот со грчкиот колега Никос Нендијас во Москва, тој потсети дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ја посети Атина пред архиепископот на Атина и цела Грција Jeроним Втори да го испрати таканареченото „писмо за мир“ до украинската расколничка црква.

Помпео не криеше дека тоа прашање било на агендата на неговата посета, пренесува ТАСС.

Лавров додаде дека, како што разбира, американските дипломати имале иста цел кога ја посетиле планината Атос.

„Поглаварот на расколничката Украинска православна црква јавно кажа дека создавањето на таа организација би било невозможно без директна поддршка од САД“, потсети Лавров.

Тој оцени дека сега е прилично јасно дека Вашингтон нема намера да застане тука и дека ќе се обиде да изврши притисок за поделба во православниот свет воопшто.

Треба да знаете
Последни објави