Адвокатот Даногов и откажа полномошно на една од обвинетите за „ТНТ“

Само што кажа претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев во петокот на брифинг дека завршува предметот ТНТ каде Никола Груевски и Миле Јанакиески се обвинети за одмаздничко уривање на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, обвинетите со финта денеска го прекинаа судењето- објави СДК.

Како што потврдија и официјално од Основниот суд Скопје 1, на денешното рочиште на кое немаше јавност, адвокатот на обвинетата Елизабета Најдовска, Димитар Дангов, одненадеж ѝ го откажал полномоштвото и на негово место дошол адвокатот Мерџан Даути, кој побарал од судот увид во целиот предмет. Увидот почнува утре и тоа ќе ја одолговлечи постапката која е сведена на самиот крај, а судот уште не знае дали тазе најмениот адвокат од албанска националност ќе бара од судот и да му биде преведен на албански целиот предмет од ова судење кое трае речиси две години, со целиот доказен материјал, со сè она што го кажале десетици сведоци, превод на сите направени вештачења и сè што е кажано во врска со ова судење.

Треба да знаете
Последни објави