Спалети го искара Елмас, за медиумите нашиот репрезентативец „се загуби“ во поразот од Калјари

Наполи уште еднаш киксираше во рамки на Серија А, па Елмас и неговите соиграчи одиграа под своите квалитети на вечерашното гостување кај Калјари (1-1).

Со ваквиот исход Наполи пропушти шанса да се изедначи со Милан на врвот од табелата, што разбирливо донесе голема нервоза кај тренерот Лучијано Спалети.

По завршувањето на првото полувреме Спалети луто му се нафрли на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Причината за тоа, најверојатно, беше лошата игра на тимот од Неапол, во која се вклопи и нашиот фудбалер, поради што на крајот беше оценет со оцена четири, со што беше меѓу најлошите во својата екипа. Елмас воопшто не изреагирал на викањето на Спалети, туку мирно се упатил кон соблекувалната.

-За нас ова беше комплициран натпревар, Калјари заслужи повеќе. Всушност ние заслуживме нешто помалку. Никогаш не ја презедовме играта во свои раце, иако имавме поголем посед. Тие сакаа да ја играат оваа игра овде, а ние друга. Мораме да бидеме среќни со резултатот бидејќи тоа им се случува на сите по овие натпревари во Лига Европа. Направивме премалку во однос на квалитетот. Секогаш кога тоа ќе се случи за два дена губиме 4-5 играчи, -рече Спалети кој проговори за ситуацијата со Елиф Елмас на крајот на првиот дел, момент во кој Италијанецот му беше многу лут на македонскиот репрезентативец.

-Дојдов овде поради ситуација што се случи 20 минути порано. Па лесно е да се коментира за таа ситуација таму. Одвреме-навреме добивам чудна насмевка кога сум на клупата, тоа е погрешно лице. Ама добро се разбирам со играчите.

-Кој знае дали му беше смешно тоа што има исто презиме како името на аеродромот во Каљари, но дефинитивно не беше забвно по промашената топка во 7. минута се изгуби како однесен од ветерот“, стои во коментарот на „КалчоНаполи24“ каде нашиот репрезентативец е најлошо оценет.

Треба да знаете
Последни објави