Филипинската крајбрежна стража спаси 63 луѓе од превртен брод

Филипинската крајбрежна стража спаси 63 луѓе од патнички брод што бил превртен поради големи бранови. Со бродот се превезувале 53 патници и 10 членови на екипаж кога го напуштила градот Лун во провинцијата Бохол, јужно од Манила, на пат кон блиската провинција Кебу.

-Два часа по напуштањето на пристаништето и на околу осум километри од градот Сибонга, бродот испратил сигнал за помош, изјави портпаролот на крајбрежната стража, капетанот Арманд Балилио.

– Спасувачите од крајбрежната стража успеаја да ги спасат сите патници и членови на екипажот, рече Балило.

Треба да знаете
Последни објави