НУНС ги повикаа надлежните да ја спречат кампањата на омраза кон ТВ Н1

Српското независно новинарско здружение НУНС го осуди денес најновиот обид за заплашување на редакцијата на Телевизијата Н1 и ги повика надлежните полициски органи и обвинителството да истражат и конечно да утврдат кој и по чија наредба честопати пропагира омраза против тој медиумите.

-Неразбирливо е дека полицијата не може да ги идентификува лицата кои еднаш месечно распрснуваат летоци со заканувачки пораки против Н1. Доколку оваа кампања на омраза продолжи непречено, тоа само ќе предизвика сомнежи дека сегашната власт е одговорна за заплашување и дискредитација на медиумите, кои објективно ја информираат јавноста за теми важни за сите граѓани на Србија, се вели во соопштението на НУНС, во кое се додава да „напротив, високи владини претставници и про-режимски таблоиди, со своите дискриминаторски и навредливи изјави и шпекулации против независните медиуми, директно инспирираат и поттикнуваат непријателска атмосфера кон критичкото, непристрасното и објективното новинарство”.

Од НУНС потсетуваат дека во средата вечер, додека се емитуваше емисијата во која гостин беше идниот косовски премиер Албин Курти, непознати лица повторно вметнаа летоци во дворот на Телевизијата Н1, на која се наоѓаат фотографии од албанскиот премиер Еди Рама и директорот на ТВ Н1 и авторот на емисијата „Пресинг” Југослав Чосиќ, со порака „има некоја тајна врска”.

Како што јави дописникот на МИА, пред еден месец, маскирани лица во дворот на Н1 фрлија летоци со зборовите „Република Србија довидување. Добредојдовте во Луксембург”.

Само неколку дена претходно, во близина на влезот во зградата на ТВ Н1 беше поставена импровизирана рампа и знак со натпис „Ја напуштате Република Србија, добредојде во Луксембург”.

Според НУНС, од сето ова се изведува заклучок дека станува збор за организирана акција чија цел е заплашување на новинарите и уредниците и споредување на уредувачката политика на ТВ Н1 на потребите и желбите на режимот на Александар Вучиќ, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави