Анкета на „Макфакс“: КАМ е омилен маркет за пазарење

Маркетот „КАМ“ е омилен маркет за пазарење, покажа анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“. За него гласале 29,7% од испитаниците. На второ место е „Стокомак“ со 17,3%, а на трето место е „ВЕРО“ со 14,5%, а веднаш по него „Тинекс“ со 11,4%. За останатите маркети гласале под 10%.

На испитаниците им беа понудени осум маркети и опцијата „друго“. 74,3% гласале преку мобилен телефон, а 25,7% од компјутер.  Најмногу испитаници (37,9%) се од возрасната граница меѓу 35 и  44 години. Од испитаниците 64% се мажи, а 36% жени.

Треба да знаете
Последни објави