Илјадници топчиња мраз во форма на јајца покрија плажа во Финска, како резултат на редок временски феномен, објави Би-би-си. Аматерскиот фотограф, Ристо Метила, беше меѓу оние кои наидоа на „мразните јајца“ на островот Хајлуото во Заливот на Бетnа меѓу Финска и Шведска.
Експертите велат дека тоа е предизвикано од редок процес во кој малите парчиња мраз се превртуваат од ветрoт и водата. Метила за Би-Би-Си изјави дека никогаш досега не видел такво нешто.
„Бев со сопругата на плажата Марјаниеми. Времето беше сончево, околу -1C (32F) и беше прилично ветровито“, изјави тој за Би-Би-Си.
„Таму го најдовме овој неверојатен феномен. Имаше јајаца од снег и мраз по должината на плажата во близина на водоводната линија“.
Топчињата од мраз прекриле област од 30 метри. Најмалото топче било колку едно јајце, а најголемото колку фудбалска топка.
Слични феномени се пријавени и претходно, во Русија и на езерото Мичиген кај Чикаго.
Во 2016 година жителите на Нида во Сибир пронајдоа џиновски топки мраз и снег што покриваа крајбрежје од 18 километри. Тие се движеа од големината на тениската топка до речиси 1 метар.