Европратеникот Јаник Жадот од редовите ЕЕЛВ (Зелените) во пресрет на локалните избори во Франција во интервју за париски „Либерасион” го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека ја „засилува крајната десница и комунитаризмот”, сакајќи да воспостави дуел со Марин Ле Пен, јавува дописникот на МИА.
Откако се обидуваше да отелотвори реална и „прагматична” екологија после европските избори на кои француските Зелени забележаа силен подем, па дури и размислуваше за договори со десницата за општинските избори во Франција, Јаник Жадот изгледа дека повторно се врати со традиционалниот говор на своето политичко семејство, поточно левицата. Потврда на ова е интервјуто за Либерасион. Иако тој вели дека „за да се добијат следните избори, ќе биде потребно да се обезбеди широка поддршка”, Жадот вели дека е особено „подготвен да работи со социјалистите и комунистите “.
-Во малите и средни градови можеби ќе заостанеме (…) зад социјалистите, а понекогаш зад ЛФИ – непокорна Франција, вели тој, внимавајќи да не ги спомнува Републиканците или кандидатите од „десницата” .
Грижлив да создаде дух и да остави впечаток „на освојување” за своето политичко семејство, кое сака да го остави„имагинарното симпатично и пријателско ” гледање на француските избирачи, европратеникот ЕЕЛВ повикува на „да не се кристализира гневот кон еден човек, дури и ако тој претседател “.
Сепак, тој не пропушта а да не го нападне Емануел Макрон, кого го обвинува „за засилување на екстремната десница и комунитаризмот”. Две нешта, против кои шефот на француската држава тврди дека се бори „приоритетно”.
-Претседателот организира дивезрии, мавтајќи со превезот или зголемувајќи ја уште повеќе несигурноста на мигрантите, за да го инсталира инсталира дуелот (со Марин Ле Пен), но особено за да се скрие бруталноста на неговата социјална политика, неактивноста за животната средина или планираната застареност на јавни услуги “, тврди Жадо.
-Ние се наоѓаме во момент на многу вознемирувачки тензии. Општеството тоне. Тоа е причина да подготвиме проект што федерализира, зближува и ни нуди можност за добронамерна иднина “, заклучува тој, имајќи ги како хоризонт претседателските избори од 2022 година во оган, за кои Емануел Макрон веќе се подготвува и ги поставува своите основи.