„Меѓу срцето и умот“ е насловен концертот на кој ќе настапи исклучителниот руски виолинист Вадим Глузман, кој важи за еден од најдобрите инструменталисти на светската музичка сцена. На концертот в четврток (14 номври) Глузман ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар оп.64 од Феликс Менделсон, едно од најизведуваните дела во виолинската литература. На програмата е и Симфонијата број 5 од Сергеј Прокофјев. Со оркестарот ќе диригира Михал Нестерович од Полска.
Вадим Глузман на 16 години се преселил во Израел каде учел виолина кај славниот Исак Штерн. Свири на исклучителен инструмент „Страдивари“ кој некогаш му припаѓал на големиот унгарски виолинист и педагог Леополд Оер.
Откако победи на Европскиот натпревар за диригирање во Шпанија во 2008 година, полскиот диригент Михал Нестерович (1974) застана зад пултот со голем број на водечки оркестри и ансамбли во Европа. Оваа концертна сезона го прави дебито со Минхенската филхармонија, со Симфонискиот оркестар на Хамбург, со Филхармонијата на Луксембург…, а се враќа да диригира и со симфонсиките оркестри на Барселона, Базел, Галиција, со Кралската филхармонија…