Стружанецот Арменд Арслани е предложен од премиерот Зоран Заев за нов заменик-министер за здравство, на местото на Асим Муса, кој си даде оставка по видео-записот дека зема мито.
Арслани од 2013 до 2014 година работел како доктор по општа медицина во Специјална болница за нефрологија во Струга, а од 2014 година е специјализант по урологија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.