Сан Антонио е блиску до соборување на рекордот на посетеност за еден натпревар во кошаркарската НБА во петокот вечерта кога Голден Стејт гостува кај клубот од Тексас.
Спарс објавија дека продале 63.592 билети за натпреварот, кој ќе се одигра на „Аламодоме”, поранешната арена на клубот во Сан Антонио.
Постои можност со билети за стоење, Тексашаните да можат да примат околу 68.000 луѓе.
Претходниот рекорд беше стар речиси 25 години.
На 27 март 1998 година, 62.046 луѓе се собраа во „Џорџија Дом” за да ја гледаат играта на Мајкл Џордан и Чикаго против локалната Атланта.
Најголемата публика во историјата на кошарката била 108.713.
Таква посетеност беше забележана на Ол-стар натпреварот во 2010 година во арената на НФЛ Далас Каубојс.
Со исклучок на споменатиот Ол-стар натпревар, натпреварот в петок ќе биде само четврти во историјата на НБА со над 50.000 посетеност.