Кристофер одамна се повлекол од светот на глумата, а повеќе од дваесет години во костимот на Супермен ги забавувал туристите и минувачите на Патеката на славните. За него бил направен и документарен филм и тој бил еден од главните соговорници во филмот „Исповеди на суперхероите“ од 2007 година.
Додека бил познат како Супермен на Патеката на славните бил нападнат и ограбен, при што добил тешки повреди поради кои бил неспособен за работа.
Тој бил чест гостин во популарното шоу на Џими Кимел и целосно одговарал на првиот Супермен (1978), актерот Кристофер Рив, кој го играше славниот херој – во висината, фигурата и темната коса. Тој собирал фигури на Супермен и бил голем обожавател на славниот херој.
„Крис беше симпатичен човек кој многу пати се појавуваше во нашето шоу и беше обожаван од сите. Ќе ни недостасува“, прочита Џими Кимел во своето шоу