Виенскиот регионален кривичен суд го ослободи поранешниот официјален претставник на руското Министерство за култура Борис Мазо со кауција од 25.000 евра, забранувајќи му да ја напушти Австрија.
– Лицето е пуштено со кауција од 25.000 евра и забрането му е да ја напушти Австрија. Тој мора да остане на виенската адреса, каде што е регистриран и по потреба да се појави на суд, истакна извор од виенското обвинителство, додавајќи дека Австрија го притворила поранешниот руски претставник на барање на Шпанија.
Шпанската полиција претходно соопшти дека Мазо е приведен во Австрија, додека неговата поранешна сопруга и синот, двајцата руски државјани, се уапсени во Шпанија, кои се сомничат за перење пари.