МЗТ Скопје и Гостивар имаа свои периоди во мечот, двете екипи имаа осцилации, а најголема беше на Гостивар во последниот период кога речиси седум минути не постигнаа кош.
Изедначено беше во првото полувреме, но во третиот период Гостивар успеа да се одлепи на десет поени разлика, МЗТ Скопје полека ја анулираше негативата и во последниот период влезе со -3 поени.
Во четвртата четвртина скопскиот тим брзо го сврте мечот, дојде до водство кое постојано го зголемуваше, Гостивар дури на истекот од шестата минута ги постигна првите поени во тој период, се чинеше дека МЗТ Скопје лесно ќе го добие мечот, но се случи драма.
Гостивар со серија тројки успеа да се доближи на само два поени негатива и имаше шут за победа во последните секунди, малку фалеше тие да бидат победници на овој натпревар, но МЗТ Скопје „преживеа“ и тие ќе играат во полуфиналето.
Мекиќ со 19 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, Рикиќ постигна 18, Крстевски 17, кај Гостивар убедливо најдобар беше Ворку со 27 поени, Ефремовски постигна 20.
МЗТ Скопје во полуфиналето го чека победникот од дуелот меѓу Работнички и Феникс Санс.