Реакции на татковците на пораките на нивните ќерки со момчињата
Група научници решија да спроведат експеримент со цел да видат како би регирале татковците кога би ги прочитале интимните пораки што нивните ќерки ги разменуваат со своите момчиња.
Иако на почетокот оние кои се согласиле да учествуваат во експериментот, рекле дека им се допаѓаат момчињата што ги избраел на нивните „принцези“, многу татковци по чистањето на пораките го промениле своето мислење за нив.
– Дали купи тест за бременост?“, пишуваше во една од пораките, а таткото пребледе читајќи ја.
– Ми беше многу убаво синоќа, пишуваше во пораката на една од девојките, а таткото изненаден ја прашал својата ќерка каде тоа била синоќа, затоа што за тоа очигледно не знаел.
– Руан повраќаше на среде улица, стоеше во една од пораките кои загрозениот татко „стоечки ја поднесе“, на што ќеката одговори дека повраќал затоа што имал покачена температура.
Една од храбрите девојки дури читаше пораки што нејзиниот татко ги испраќал на неговата девојка, но набрзо се откажа од таа идеја.
– Ок, гледам фотографија… „Не можам да дочекам да дојдеш и да ме прегрнеш“… Не можам понатаму, не ми е пријатно, рече девојката и ги покри очите со дланките од непријатнсот.
Иако гледачите на видеото се забавуваат, за овој потфат треба многу храброст особено ако замислите дека вие сте на негово место.