Како партија сме посветени на градење независен судски систем. Со новиот Закон за ЈО отвораме простор за зајакнување на правната држава, да има вистинска реформа во судскиот систем и да обезеди правда за сите, од обичен човек до највисоките функционери, порача потпретседателот Оливер Спасовски на СДСМ од трибина во Охрид.
Од друга страна, истакна Спасовски, ВМРО-ДПМНЕ бараат начин како да ги ослободат криминалците од нивните редови и затоа не гласаат за Законот. Но тоа нема да го дозволиме, ќе сториме се, борбата против криминалот и корупцијата нема да ја изгубиме туку ќе ја добиеме, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и на правдата.
Битката против криминалот и корупцијата не смееме и нема да ја изгубиме, заклучи потпретседателот Спасовски.
Линк до видео: https://www.youtube. com/watch?v=Q1ju9GEaLGU