Двајца моторџии и сопатничка се повредени ноќеска во две сообраќајки во Скопје, информираше МВР.
На 10.11.2019 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен Г.К.(56) од Скопје, кај кого биле констатирани тешки телесни повреди од сообраќајна незгода. Според пријавеното, Г.К. на бул.„Борис Трајковски“, додека управувал мотоцикл „кивеј“, изгубил контрола и паднал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Претходно во 20.50 часот на улица Козле мотоцикл „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(39) од Скопје, удрил во паркирано патничко возило „тојота јарис“, со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Т.П.(40) од Скопје, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.