Од 18.45 часот на стадионот „Камп Ноу“ ќе се игра првиот натпревар од плеј-оф фазата на Лига Европа за пласман во осминафиналето помеѓу Барселона и Наполи.
Од првата минута за италијанскиот фудбалски клуб ќе стартува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Тренерот Луано Спалети се одлучи за следните 11: Мерет, Ди Лоренцо, Рахмани, Кулибали, Жуан Жезус, Ангиса, Фабиан, Елмас, Зиелински, Инсиње, Осимхен.
На спротивната страна тренерот Чави ќе го стартува дуелот со следните 11 фудбалери: Тер Штеген, Пике, Адама, Педри, Жорди Алба, Феран, Ф. Де Јонг, Мингеза, Ерик, Обамејанг, Нико.
Денеска од првата минута за молдавскиот Шериф Тираспол ќе стартува и Бобан Николов во домашниот меч против португалската Брага (18.45 часот).