Меган Маркл и принцот Хари им се приклучија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на свеченоста и Фестивалот за сеќавање во лондонскиот Ројал Алберт Хол. Ова е прв пат сите четворица да се појават заедно, по објавениот документарец во кои Меган и Хари раскажаа за нивните семејни кавги и расправии.
Претходно во јавноста надвладеа мислењето дека кралската четворка се распаѓа. Сите се препукуваа преку медиумите и дописниците од палатата. Двете кралски јатрви, Кејт и Меган, никако не можеа да најдат заеднички јазик. Сепак според последните пишувања на британските медиуми, недоразбирањата сега се минато.
Двојките на свечениот настан стигнаа одвоено, како што е обичај. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон седеа до кралицата Елизабета Втора, додека принцот Хари и Меган Маркл беа во вториот ред, веднаш зад британскиот премиер Борис Џонсон и неговата партнерка.
Двете кралски снаи се поклопија со стајлингот.
Од Бекингемската палата објаснија дека не е невообичаено браќата и нивните сопруги да седат одделно – згора на тоа, тие потсетија дека распоредот за седишта за Фестивалот на сеќавање минатата година беа скоро идентични.