Португалскиот Порто направи подвиг во дуелот од седмото коло во ракометната Лига на шампионите и триумфираше со 27-28 на гостувањето кај лидерот во групата Б, Кил. За Порто ова е трет сезонски триумф со кој доаѓа до 8 бода и е на шестата позиција на табелата во оваа конкурнеција.
За германскиот тим кој претходно имаше само едно реми прoтив Киелце и пет победи, ова е прв неуспех. Кил останува на лидерското место со 11 бода, два повеќе од второпласираниот Монпелје и од нашиот Вардар кој исто така со девет бода е на третата позиција.
До триумфот, Порто дојде благодарение на второтo полувреме во кое за два гола беше подoбар од Кил кој по воведните 30 минути имаше минимална предност од 14-13. Алфредо Кинтана имаше клучна одбрана на 30 секунди пред крајот, а потоа Руи Силва го постигна победничкиот гол.
Виктор Мануел Алварез со шест гола беше прв стрелец во победата на Порто, Дајмаро Салина имаше пет гола од пет обиди. Кај Кил, Никлас Екберг имаше седум погодоци.