Според „Скај Спорт Италија“, Кристијано Роналдо пред да заврши мечот меѓу Јувентус и Милан си заминал дома.
Роналдо беше стартер на натпреварот со Милан, но беше изваден во 55. минута кога на негово место Дибала влезе во игра и подоцна го постигна победничкиот гол за Јуве.
Роналдо беше видно револтиран од одлуката, нервозно брзо се упати кон тунелот.
„Скај Спорт Италија“ тврди дека Роналдо предвреме го напуштил и стадионот, попрецизно на три минути пред крајот на мечот.
Роналдо беше заменет и на мечот против Локомотив Москва.
Сари вели дека Роналдо се бори со стара повреда на коленото поради која го менува начинот на стоењето и трчањето, а тоа става дополнителен притисок врз бутните мускули на Португалецот.